Европа мора да разбере дека на Србија не и треба Европската Унија, туку дека Србија и е потребна на Унијата, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта по состанокот на Советот за стратешка соработка меѓу Србија и Унгарија.
Орбан посочи дека Европа има проблем со растот и динамиката и дека само новите членки на ЕУ можат да и дадат нов поттик, а Србија е најдобар кандидат.
Ако некој сака сам да види што Србија може да и понуди на европската економија, тогаш му предлагам да го посети Белград за три месеци и да види што Србија може да и понуди на ЕУ“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија ќе продолжи да се грижи за интересите на ЕУ и Србија“.





