(Видео) Кузеска: Власта ја партизира АЕК, во агенцијата вработена газдарицата на фирмата која требаше да ја гради спорната гаража

Уште еден скандал на власта на Мицкоски и ДПМНЕ, уште едно скандалозно ухлебување и груба партизација на АЕК, објави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

„Сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, власта ја избра да биде член на Комисијата на АЕК (Агенцијата за електронски комуникации) со надоместок од 2.700 евра месечно.

Ухлебувањето на Трпковска е спорен од повеќе аспекти.

1.Прво, власта спроведува брутална партизација АЕК, која треба да биде независно тело, и вдомува лица со лични и партиски релации со функционерите од актуелната власт.

Трпковска се уште се води како сопственичка на компанијата што требаше да ја гради спорната катна гаража а избрана е во период кога се подготвува Закон со кој би требало да се обештети нејзината компанија. На нејзината фирма адвокат и беше Панче Тошковски.

Дали ова не е конфликт на интерес само по себе? Дали блиските релации на нејзиното најтесно семејство со Панче Тошковски се една од причините зошто е избрана Трпковска? Нема ништо независно.

2.Второ, власта го прекршува Законот за електронски комуникации.

Еве ја биографијата на Трпковска – навела дека пред неколку години завршила високо образование по јавна администрација и дека се стекнала и со магистер по правни науки. Што значи нема посебни познавања од областа на електронските комуникации.
Освен ако власта смета дека познавање од областа на електронските комуникации е користење Интернет и Ворд како што самата Трпковска напишала во биографијата.

Во член 17 од Законот за електронски комуникации јасно се дефинирани условите, за да биде избран некој член на Комисијата на АЕК мора да има соодветно работно искуство во струката и цитирам „посебни знаење од областа на електронските комуникации“.

Тоа не е случај со Трпчковска и СДСМ изразува сомнеж дали таа воопшто ги исполнува условите и основните критериуми“ рече Кузеска.

Според неа, станува збор за целосно некомпетентен човек, без познавање на електронските комуникации, едноставно несоодветен за оваа позиција.

ја обвини власта и Мицкоски дека едно ветувале пред изборите, друго правеле сега.

„Не само во АЕК, партизацијата со некомпетентни луѓе ДПМНЕ спроведува и во Агенцијата за разузнавање, во МВР, по министерствата, институциите, насекаде. Со партизација и ухлебување на блиски до власта Мицкоски и ДПМНЕ ги осакатува институциите.

Или до ова дереџе е дојдена работата или мотивите се сите зделки на власта понатаму во делот на телекомуникациите да бидат под
партиска контрола на ДПМНЕ во АЕК“ рече Кузеска.

СДСМ бара повлекување на оваа одлука на Владата и мнозинството, а Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет по допрен глас.

Пронајдете не на следниве мрежи: