Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска го назначи директорот на нафтената компанија од Денвер, Крис Рајт, за секретар за енергетика, пренесува АП.
Рајт, и покрај научните докази, тврди дека емисиите на стакленички гасови не ја зголемуваат температурата на планетата и не предизвикуваат зголемување на екстремните временски услови, наведува американската агенција.
Тој, исто така, тврдеше дека непотребни се грантови и заеми на актуелната американска влада за транзиција кон енергија со ниска содржина на јаглерод, пренесува Танјуг.