Утринава, во 05.31 часот, е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, со Рихтерова локална магнитуда ML 3.0.
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван во Дојран и во блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.