Георгиевски: Секој македонски Бугарин гордо го носи името на „Иван Михаилов“

Љупчо Георгиевски, претседателот на избришаниот бугарски културен клуб „Иван Михаилов“ од Битола во емисија на бугарската телевија откри дека Бугарите во Битола преку новорегистрираната невладина организација „Една роза“ имаат намера да презентираат книги и го проучуваат нивното културно и историско наследство, па почнаа со Чернодрински и култната драма „Македонска крвава свадба“.

„Иако се жалиме на бришењето на клубот и знаеме дека законот е репресивен, ние го почитуваме, а нашите права ги бараме во судот во Република Северна Македонија, а потоа ќе ги бараме и во судот во Стразбур, рече Георгиевски во емисијата „Брисел 1“.

Тој ја отцени како лажна неодамнешната пријава до обвинителството дека бугарскиот клуб во Битола работи и покрај неговото бришење која ја покрена потпретседателката на македонското собрание Весна Бендевска. Таа претходно како претседателка на Комисијата за заштита од дискриминација го иницираше бришењето на клубот „Иван Михаилов“ од Централниот регистер . Георгиевски тврди дека е пред нова пријава врз основа на лажна изјава на службено лице.

„Направивме презентација на фототипското издание на книгата „Македонска крвава свадба“, каде беа прочитани извадоци во кои хероината на прашањето што е, вели дека била Бугарка. Ако во Северна Македонија на глас читаме вакви пишувања на нашите преродбеници, кои се слават во двете земји, ни се закануваат на суд за говор на омраза, ксенофобија итн.“, изјави Георгиевски и за Бугарија ON AIR.

Бендевска настанот во бугарскиот клуб што се случи пред денот на ослободувањето на Битола, го оцени како провокацијата од страна на непостоечкото здружение, поврзана со тврдењата искажани на настан во клубот „Иван Михаилов“, во кои се посочува дека Војдан Чернодрински е бугарски преродбеник, а „Македонска крвава свадба“ дека е дел од бугарското културно наследство.

Пронајдете не на следниве мрежи: