Макрон: Верувам дека е јасно оти Путин сака да ги интензивира борбите, не сака мир со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин „не сака мир“ со Украина и „не е подготвен да преговара за тоа“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон по големиот руски напад врз енергетската мрежа на Украина.

-Верувам дека е јасно дека намерите на претседателот Путин се да ги интензивира борбите. Ако сакаме да знаеме кои се намерите на Путин, тоа што тој штотуку го направи на теренот јасно го покажува. Какви и да се неговите изјави, тој не сака мир и не е подготвен да преговара, рече Макрон во Буенос Аирес.

Францускиот претседател додаде дека обврските кон Украина мора да се спроведат, а на таа земја да и се дозволи да води одбранбена војна и да биде снабдена со оружје и опрема.

Макрон разговараше со новинарите во Аргентина пред неговото патување во Бразил, каде утре ќе учествува на самитот на лидерите на Г20.

Пронајдете не на следниве мрежи: