Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Пред малку во судот сведочеше Ламбе Бучков:
Ламбе Бучков
Обвинителство
О – Со што се занимаваше Палевски кога се запознавте?
Л – Го познавам повеќе од 20 години, во периодот кога се запознавме бев вработен во МВР
О – Палевски со што се занимаваше?
Л – со градежништво
О – Каква соработка воспоставивте?
Л – Нашата соработка почна крајот на 2011-2012 година кога Палевски знаеше дека мој другар е еден од поимотните луѓе, побара да се инвестира да се доврши зградата Тифани што претходно ја почнал Палчо
О – Како заврши таа соработка?
Л – Соработката почна успешно, зградата се заврши и функционира
О – Каква беше финансиската состојба на Палевски во тој период?
Л – Во тој момент не му била добра финансиската состојба, да беше добра сам ќе ја завршеше зградата
О – Продолживте ли после тоа да соработувате со Љупчо?
Л – Да, Палчо ги понуди локациите што ги имаше земено со Општина Центар, доколку сака другарот мој да ги откупи од него тие локации да почне да гради објект, зграда
О – Кој беше епилогот од тоа договарање?
Л – Имаше договор, направен беше идеен проект, му беа дадени одредени средства како аванс, направен договор на нотар, меѓутоа и после трипати поднесување барање за одобрение за градба од Центар до ден денес не беше добиено одобрение за градба
О – Колку пари конкретно дадовте?
Л – дадени се пари, аванс, од страна на пријателот мој 15.000 евра но човекот што требаше да му ги однесе на Палчо уз пат си ставил 3.000 евра во џеб
О – Ви ги врати ли Љупчо тие пари што ги должи?
Л – Парите не се вратени до ден денес и фактични коите контакти во критичниот период со него од 7.09.2022 година јас почнав поинтензивно да се гледам со Палчо кадешто се сретнував со него и му кажав дека треба да се вратат парите затоа што од локациите и од работата нема ништо
О – Дали го баравте на 22.11.2023 година?
Л- Јас со него контактирав 2-3 пати неделно и можно е еднаш или двапати неделно одев во седиштето на партијата
О – Во кое седиште на партијата одевте?
Л – Сегде кај што беа седиштата, прво Опера Хаус, Кисела Вода и кај Железничка
О – Влегивавте ли врнатре во седиштето на партијата?
Л – Да
О – Дали ги имате забележано таму другите обвинети?
Л – Влатко беше секогаш таму, другите не ги познавам ниту сум ги видел
О – Кога ви одговори Палевски на вашите пораки и барања?
Л- Да
О – Кога?
Л – Рече дека чека некои средства и дека ќе ми ги врати парите
О – кога?
Л – секогаш кога ќе се видел, тоа се одолговлекуваше затоа што и него некој го лажел дека сега ќе му префрли пари и дека од тие пари ќе ми ги врати
О – на 27.11 дали бевте во седиштето на партијата?
Л – не
О – на 28.11?
Л – можеби, партијата новото седиште е на 50 метри од кајшто јас живеам и обично навечер кога излегував прво поминував до кај него ако е таму да се видам со него, ако бил излезен негде на враќање кога се враќав навечер од град ќе ја паркирав колата дома и одев до седиштето на партијата и ако бил таму ќе сум влезел
О – На 01.12.2023 година отидовте во седиштето?
Л – можеби сум бил
О – Дали се видовте со Влатко Кешишев на 01.12.2023 петок?
Л – можеби, секогаш на вратата се појавуваше Влатко и ми кажуваше дали е тука или не е тука
О – Што ви рече Влатко последниот пат, каде е Љупчо?
Л – Дека е на пат и треба да дојде
О – Вие кога последен пат комунициравте со Палевски?
Л – Последен пат во неделата, кој ден е после први недела, декември, ми се јави од Турција
О – го прашавте зошто отишол во Турција?
Л – Отишол по работа
О – За што ве известуваше тие денови Палевски?
О – Ви се јави ли од Белград?
Л – Да, кажа дека е за кичмата, сака да се врати, му се јавил Влатко од партијата и му рекол дека полиција му влегла во партијата
О – Ви кажа зошто го барала полицијата Палевски?
Л – не, ми кажа дека сакале да земат некое возило
О – дали на 01.12 разговаравте со Палевски?
Л – може сум разговарал, на Вибер и Вацап, ми кажа дека трганл сакал да дојде за Македонија но имал договорени состаноци во Бугарија и Турција, сакал да дојде тука и му кажал на Влатко се што бараат дај им на полицијата, јас прашав да не сте направиле некој судар и рече „не бе“
О – кое возило?
Л – пикап некој сакале да земат што е во партијата и он му рекол на Влатко слободно нека земат што сакаат
О – што ви рече за што било тоа возило проблематично?
Л – не ми рече, само кажаа дека бараат некое возило, рече кога ќе дојдам ќе се видиме да расчистам се и дека службите го пратат, му прават опструкции
О – дали ви кажа дека го бараат за некој настан?
Л- јас прашав да не имаат направено сообраќајка, рече не, го бараат било видено такво возило негде кај што снемало некое девојче
О – дознавте за кое девојче се работи?
Л – не, јас на 26.11 дојдов, бев во Германија, го барав можеби на 27 или 28ми, последна порака тука имам на 28ми кон 29ти, после видов дека имал подкаст, после ми рече дека во петок ќе завршиме работа, ова е понеделник према вторник
О – кога беше во Турција се слушнавте ли?
Л – да, ми се јави од неговиот број на Вибер неделата околу ручек
О – што ви кажа?
Л – дека е во Истанбул и понеделник сабајле ќе тргне и ќе дојде за Македонија да расчисти што баравме
О – се договоривте да се видите?
Л – да, рече понедленик во 10 саат тргам, вечерта дојди во партија
О – бевте ли во седиштето кога се правел претресот?
Л – не
О – забележавте ли службени лица околу седиштето?
Л – да, гледав коли, овие Ибици од МВР, надвор си стоеја полицајците, во партијата немаше никој заклучено беше, се гледаше дека два-три дена немало никој таму, тоа беше пред да ми се јави од Турција, јас после отккао се прочу што се десило што ќе барам таму
О – во периодот додека го познавате Палевски каква беше неговата финансиска состојба?
Л – човекот имаше многу пари, сите околу него имаа пари, после му се десија одредени работи и почна колата да оди надоле, му рушеа дел од објектите, против него да оди политичката елита
О – ви должи ли вас уште пари?
Л – приватно не, тие пари се земени од мој другар, дадени се за бизнис, пошто преку мене беа земени, човекот ги бара од мене
О – дали вие подигнавте кредит?
Л- јас подигнав кредит за да не се срамам кај човекот, а Палчо рече дека ќе ги врати
О – Дали се познавате со членовите на семејството на Палевски?
Л – освен брат му, никој друг и ја имам видено мајка му
О – се видовте ли со братот на Љупчо?
Л – па додека беше тој во притвор во Турција
О – што побара од вас брат му?
Л – ништо, рече брат ми не може да направи такво дело, ти го знаеш, може ќе те викант на суд, само да ја кажеш вистината, дека си се дружел со него и за што си одел кај него, му пратил писмо на Лаки кажи му дека ќе го викаат за сведок, мене ме ставаат во незгодно јас не знам зошто сум така, јас имам должничко-доверителски односи со него, вие ме викате за убиство
О – дали ви е познато дали Палевски имал пиштол?
Л – да
О – го носеше ли со него пиштолот?
Л – знам дека имал, не еден, може повеќе, но никогаш не сум го видел кај него, ни во канцеларија оружје, а сам ми кажувал дека има повеќе видови на оружје