Товарен авион на германската компанија DHL се урна рано утринава во близина на аеродромот во Вилнус, соопшти литванската полиција.
Авионот летал од Лајпциг и удрил во станбена зграда, потврдиле претставниците на аеродромот за националното радио ЛРТ.
Според портпаролот на полицијата, повредени се четири лица во авионот. Еден од пилотите починал, другиот бил извлечен жив од авионот и предаден на лекарите.
Претставникот на аеродромот Мариус Зелениус за радио ЛРТ изјави дека на местото на настанот излегле голем број припадници на Противпожарната и спасувачката служба.