Ограбена филијала за брзи кредити на Бит пазар

Филијала за брзи кредити на Бит-пазар била ограбена во саботата, информираат од МВР.

„Во саботата во 17.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит-пазар, едно машко лице со закана со огнено оружје се обиделo да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што лицето го напуштило местото на настанот“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: