Порошенко: Трета светска војна почна

Третата светска војна веќе почна, изјави поранешниот украински претседател, наведувајќи дека севернокорејските трупи се борат заедно со руските сили и дека Русите користат оружје од иранско производство за напад на неговата нација.

Во интервју за Тајмс оф Малта, поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека партнерите на Украина треба да се разбудат. „Трета светска војна веќе се случува“, вели Порошенко.

Имаме севернокорејски војници на украинска територија. Имаме беспилотни летала од Иран кои напаѓаат точно пред мојата куќа. Имаме севернокорејски ракети кои ја напаѓаат енергетската инфраструктура во Киев и артилериски гранати доставени до Русија од Северна Кореја и Иран, рече тој.

Предупредувајќи дека севернокорејските војници се испраќаат во Украина за да стекнат борбено искуство, поранешниот претседател рече дека тие трупи ќе се користат во Југоисточна Азија за „уценување на светот“.

Северна Кореја ја вознемири меѓународната заедница со провокативни дејства во последниве години, ја истрела својата интерконтинентална балистичка ракета со најдолг дострел во октомври, и ги подгреа стравувањата од обновување на конфликтот со соседна Јужна Кореја.

Потребен ни е ефикасен механизам за да ги направиме санкциите поефективни и да ги спречиме Иран и Северна Кореја да го испорачуваат ова оружје. Ова ќе ја направи победата многу поблиска, а Русија ќе биде значително послаба, вели тој.

Поранешниот претседател на Украина рече дека иако неговата земја не се плаши од Владимир Путин, рускиот претседател „сака да ги исплаши нашите партнери на Запад“. Ова, смета тој, е „апсолутно неопходно“ за Путин да ги постигне своите цели.

Напротив, отсуството на страв ни дава шанса да победиме, рече Порошенко, кој беше петти претседател на Украина од 2014 до 2019 година.

„Путин не се бори само против Украина, тој се бори против Полска, против балтичките земји и мисли дека може да се бори против Германија затоа што мисли дека Дрезден, каде што служел како офицер на КГБ, е исто така зона на руски интерес“, вели тој.

Истакнувајќи дека иако победата на Украина не значи смрт на Путин или „ставање украински знамиња на Кремљ“, Порошенко рече дека целта на неговата земја е да ја спречи Русија да продолжи со војната и дека Путиновата употреба на ИЦБМ покажува дека тој е вознемирен.

„Зошто Путин имаше таква нервозна реакција? Затоа што со една ракета „сторм шедоу“ уништивме две големи складишта на руски ракети“, рече тој за првата украинска употреба на оружје од британско производство за гаѓање цели во Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи: