Вечерва ракометарите на Вардар на домашен терен го играат последниот европски натпревар натпревар сезонава. „Црвено-црните“ веќе ги загубија шансите за пласман во осминафиналето, па овој натпревар и нема некое големо резултатско значење бидејќи Мелсунген предводен од Парондо е сигурен на првата позиција со пет бода повеќе од Порто.
Пред вечерашниот натпревар, Бразилскиот репрезентативец Рожерио Мораеш, кој со Вардар освои две европски титули ги воодушеви навивачите на Вардар и на социјалните мрежи врати на еден пост: ,,Прекрасно е да се вратиш дома”…
Денешниот натпревар помеѓу Вардар и Мелсунген се игра во терминот од 20:45 часот.