Единствениот политичар од Западен Балкан споменат во мемоарите на Меркел е Зоран Заев

Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел уште пред нивното објавување ја разбрануваа јавноста во Германија, но и во светот.

Ретко кое германско политичко дело предизвикало толкаво внимание: мемоарите на Ангела Меркел, насловени „Слобода“ (Freiheit).

Интересно е што единствен почитичар од овие простори за кои пишува германската канцеларка е токму екс-премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Новинарот Мајкл Мартенс кој ги анализира мемоарите на Меркел коментира дека токму Заев единствeно е споменат во мемоарите на германската канцеларка која го нарекува со зборовите храбар и решителен.

-Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц: не се споменува. Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис: истото. На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува „храбар и решителен“. Тоа е за тоа, пишува Мартенс на Х.

Пронајдете не на следниве мрежи: