Белгиските проститутки се здобија со право на здравствено осигурување, пензии и породилно отсуство. Ова е прв закон од ваков вид во светот, објави Гардијан.
Законодавците гласаа во мај да им се даде иста заштита на сексуалните работници како и на секој друг вработен, во обид да се спречи злоупотребата и експлоатацијата.
Законот, кој стапи на сила во недела 1 декември, гарантира дека сексуалните работници имаат договори за вработување и правна заштита.
Целта е да се стави крај на сивата зона создадена во 2022 година кога сексуалната работа беше декриминализирана во Белгија, но без да им се даде заштита на сексуалните работници односно работнички права.