Левица: НЕ за пензија на 67 години, пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот!

„Владата предводена од ДПМНЕ-ВРЕДИ и ЗНАМ, наместо да креира политики за зголемување и подобрување на пензионерскиот стандард – истата работи против интересите на идните пензионери!“ – истакна денеска Катерина Јовановска од Левица по повод препораките за големување на старосната граница за пензија на 67 години.

– Загрижувачки се информациите дека Владата, по препорака на Фискалниот совет, има намера да ја зголеми границата за пензионирање на 67 години.

Левица е категорично ПРОТИВ зголемувањето на старосната граница за пензионирање. Нашиот став е јасен и непроменлив: Старосната граница за пензионирање треба да се намали на 60 години за жени и 62 години за мажи. Исто така, предлагаме да се утврди минимална пензија и изградба на дополнителни старечки домови.

Бидејќи изговорот со кој Фискалниот совет ги предлага овие мерки се “надминување на финансискиот јаз и дупка во ПИОМ”, ѝ препорачуваме на Владата теретот за лошата ликвидна состојба на ПИОМ да не го префрла врз пензионерите, туку да направи итна ревизија на финансиското работење за ПИОМ, да ги уапси криминогените структури коишто работеа со Фондот и во иднина да креира домаќинско работење на истиот.

Левица ќе се спротистави на спроведувањето на ваквите погрешни политики и нема да дозволиме зголемување на старосната граница за одење во пензија!

Пензионерите заслужуваат подобар и достоинствен живот!“ – истакна Јовановска.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: