(Видео) Ситуацијата во Јужна Кореја се вжештува: Воени сили упаднаа во парламентот

Воените сили упаднаа во парламентот на Јужна Кореја. Овој потег претставува значителна ескалација на политичките тензии во земјата.

Телевизиските снимки во живо покажаа дека војниците кои очигледно имаат задача да воведат воена состојба се обидуваат да влезат во зградата на собранието, а парламентарните помошници беа видени како се обидуваат да ги вратат војниците со прскање противпожарни апарати.

Ова следи откако претседателот Џун Сук Јоел претходно денеска прогласи воена состојба во земјата. Тој ја обвини опозицијата за „антидржавни активности“.

Во својот говор, јужнокорејскиот претседател ја обвини опозицијата дека „го контролира парламентот, сочувствува со Северна Кореја и ја парализира владата со антидржавни активности“.

Прогласувањето воена состојба не значи објава на војна, туку мерка која ѝ овозможува на војската да ја преземе контролата врз цивилните власти со цел да се одржи редот и безбедноста. Ова може да вклучува ограничувања на граѓанските права, како што се слободата на движење и собирање, и воведување медиумска цензура.

Ваквите мерки обично се преземаат во ситуации на сериозна закана за националната безбедност, како што се надворешни закани или внатрешни немири.

По неговиот говор, министерот за одбрана свика итен состанок на Советот за безбедност, а армијата е ставена во борбена готовност. По најавата за вонредна состојба, пред зградата на парламентот почнаа да се собираат луѓе.

Иако деталите за тоа какви мерки ќе бидат спроведени за време на вонредната состојба не се објавени, според сегашниот закон во Јужна Кореја, ова се клучните мерки што претседателот може да ги спроведе.

Пронајдете не на следниве мрежи: