Голем кам-бек на политичката сцена – Трамп пристигна во Париз

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп утрово пристигна во Париз, јавија француските медиуми, истакнувајќи дека ова е негово големо враќање на светската политичка сцена.

Трамп е меѓу повеќе од 2.000 почесни гости на денешното свечено отворање на реставрираната катедрала Нотр Дам.

Ова е прво патување на Трамп во странство по неговата победа на претседателските избори во САД на 5 ноември.

На церемонијата по повод отворањето на катедралата се очекува да присуствува и актуелниот американски претседател Џо Бајден.

Пронајдете не на следниве мрежи: