По објавеното видео во изминатиот период на М-Нет телевизија за страшно мачење на животно куче, се создаде лавина реакции кај граѓаните и кај здруженијата.
Граѓанската иницијатива Ние за благосостојба на животните достави кривична пријава со предлог за кривично гонење до Основното јавно обвинителство од Струмица против лице од Струмица, кое на 29 ноември 2024 година, врзано за своето возило влечело животно – куче, кое како последица на ова дејствие – угинало.
Настанот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи, односно во полициската станица во Струмица, но освен запирањето на возилото и легитимирањето на лицето, нема информација за преземени други дејствија по службена должност, согласно надлежностите и овластувањата на МВР.
Во контекст на овие дејствија, реферираме дека во нашата судска пракса веќе постои пресуда за лицето Ѓ.Д. од Основниот суд во Гостивар кое под исти околности влечело животно – куче, врзано за своето возило, по што му нанело тешки повреди.





