Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде што се собраа истакнати лидери, претставници на партии и клучни носители на одлуки од цела Европа.
Тој во својата објава на фејсбук профилот напиша: „Самитот беше платформа за размена на мислења и идеи за иднината на Европа, особено ме радува фактот што Македонија останува дел од овие стратешки разговори и партнерства. Нашето активно учество на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на нашата земја во европскиот контекст и за придонес кон заедничката визија за стабилна и просперитетна Европа“.
„Разговорите и дебатите на Самитот беа значајни за насочување на идните политики, а уште поважно, за градење мостови на соработка со европските партнери. Уверен сум дека ваквите средби се од голема важност за понатамошниот напредок на Македонија на нејзиниот европски пат.
Ова е уште еден чекор напред кон нашите заеднички цели за стабилност, економски раст и посилно присуство на меѓународната сцена“, вели Мицкоски во објавата.