Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени

На 22.12.2024 во 20.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 19.30 часот на ул.„Поп Аврамија” во Прилеп било забележано едно лице како фрла експлозивна направа, при што настанала експлозија пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.Л.(21) од Прилеп, информираат од МВР.

При експлозијата нема повредени лица.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи: