Четиринаесет припадници на сириската полиција се убиени за време на судирите со лојалистите на поранешниот претседател Башар ал Асад во провинцијата Тартус, објави рано во четвртокот преодната администрација.Новиот сириски министер за внатрешни работи на Телеграм изјави дека и 10 полицајци се ранети од, како што рече, „остатоци“ од владата на Асад во Тартус.Тој исто така рече дека ќе се справи со секој кој ќе се осмели да ја поткопа безбедноста на Сирија или да ги загрози животите на нејзините граѓани.Сириската полиција воведе полициски час во градот Хомс во текот на ноќта, објавија државните медиуми, по немирите поврзани со протестите на жителите кои им се припишуваат на припадниците на малцинските верски заедници алавит и шиитски муслимани.
This is disgusting! Humiliating #Alawite people like this is unacceptable. In this video, the gunman says, ‘You are an Alawite, so howl like dog!’ Such scenes are a stark reminder that ethnic and religious minorities In #Syria are at great risk. pic.twitter.com/mVeKoNjQ8d
— Mutlu Civiroglu (@mutludc) December 25, 2024
Некои жители ги поврзуваат демонстрациите со притисок и насилство насочено во последните денови против припадниците на алавитското малцинство, религиозна група за која се верува дека е лојална на поранешниот претседател Башар ал-Асад, кој беше соборен од сунитските исламистички бунтовници на 8 декември.Портпаролите на новата сириска влада предводена од групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), поранешен огранок на Ал Каеда, не одговорија на барањата за коментар за полицискиот час.Државните медиуми објавија дека е воведен полициски час за една ноќ, од 18 часот по локално време до 8 часот наутро во четврток .Новите водачи на земјата редовно ја повторуваат својата посветеност за заштита на малцинските верски групи, кои стравуваат дека поранешните бунтовници, сега на власт, би можеле да се обидат да наметнат конзервативна форма на исламистичко владеење.Помали демонстрации беа одржани и во други алавитски области во близина на сирискиот брег, вклучувајќи го и градот Тартус.