Ѓоковиќ: Притворот во Австралија ми создаде траума, трагите се уште се таму

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во интервју за австралиски „Хералд Сан“ изјави дека престојот во притвор пред Австралија Опен 2022 година го оставил трауматизиран.

Пред Австралија Опен во 2022 година, Ѓоковиќ беше задржан во сместување за имиграција бидејќи немаше документи за вакцинација против Ковид.

Тој помина пет дена во затвор и тој случај остави огромен белег на неговата психа.

„Последниве неколку пати кога слетав во Австралија, за да поминам низ пасошка контрола и имиграција, имав траума од пред три години. И уште има некои траги кога поминувам низ пасошка контрола, само проверувам дали некој се приближува од зоната за имиграција. Дали тој што ќе ми го чува пасошот ќе ме одведe, пак ќе ме приведат или ќе ме пушти да си одам морам да признаам дека го имам тоа чувство“, рекол Новак и додал:

„Не жалам за тоа. Се вратив веднаш една година подоцна и победив. Моите родители и целиот тим беа таму и тоа беше всушност една од најемотивните победи што некогаш сум ги имал, со оглед на сето она што го поминав низ годината претходно“, рече Ѓоковиќ кој е десеткратен шампион на Австралија опен.

Пронајдете не на следниве мрежи: