Продажбата на “PayPal” на “eBay” во 2002 година за 1,5 милијарди долари означи пресврт во кариерата на Илон Маск – моментот кога претприемачот можеше да почне да ги остварува своите најамбициозни соништа. Како најголем акционер со удел од 11,7 отсто се стекнал со околу 176 милиони долари.
„Парите никогаш не ме привлекувале. Тоа е алатка за реализација на големи идеи“, изјави тогаш Маск. Очекувано, тој веднаш почна да ги спроведува своите храбри планови, свесно преземајќи го ризикот од личен банкрот.
Неговите две најголеми визии станаа реалност преку проектите “SpaceX” и “Tesla Motors”. Во времето кога Елон Маск најави производство на електрични автомобили, производителите од Детроит сè уште се потсмеваа на концептот на хибридни возила. Традиционалната автомобилска индустрија сметаше дека електричните автомобили се играчки за ентузијастите за животната средина.
Меѓутоа, во 2004 година, Маск инвестираше 6,5 милиони долари во малата стартап компанија “Tesla Motors”, и стана претседател на одборот.
„Во “Tesla” не е доволно да се направи електричен автомобил кој е еколошки – тој мора да биде најдобар автомобил“, ја објасни Маск својата филозофија.
Луксуз и одржливост
Овој пристап се покажа како клучен за успехот на компанијата. Моделот S, претставен во 2012 година, продаде 2.650 единици само во САД во првата година. Тој стана првиот електричен автомобил кој ја освои престижната титула Автомобил на годината на магазинот “Motor Trend”. До 2021 година, “Tesla” стана една од ретките компании чија пазарна вредност надмина трилион долари.
Тој успех на “Tesla” ја трансформираше глобалната перцепција за електричните автомобили, која стана синоним за луксуз, перформанси и одржливост.
“SpaceX” – Револуција во вселенската индустрија
Маск го основа “SpaceX” во 2002 година со уште поамбициозна цел – драстично да ги намали трошоците за вселенски летови. Неговата најава за изградба на ракети за повеќекратна употреба предизвика неверување во воздушната индустрија. Етаблираните гиганти како “Boeing” и “Lockheed Martin” не го сметаа за сериозна закана.
„Ми рекоа дека е невозможно да се направи ракета за повеќекратна употреба. Но, физиката не го забранува тоа, што значи дека е можно. Треба само да ги решиме инженерските предизвици“, тврди Маск.
Додека традиционалното лансирање чинеше околу 200 милиони долари, “SpaceX” успеа да го намали тој трошок на околу 67 милиони долари. Од 2010 година, компанијата има завршено повеќе од 200 успешни лансирања на ракетата “Falcon 9” Пресвртницата се случи на 22 мај 2012 година, кога вселенското летало Dragon стана првото приватно вселенско летало што ја посети Меѓународната вселенска станица.
“SpaceX” разви деловни модели кои привлекоа приватни инвеститори и влади ширум светот, овозможувајќи лансирање по пониски трошоци и со поголема флексибилност. Решеноста на Маск да постигне независност во производството на ракетни компоненти дополнително ги намали трошоците и ја отвори вратата за приватни инвестиции во вселенската индустрија.
Борба за опстанок на “Tesla” и “SpaceX”
Периодот помеѓу 2006 и 2008 година ја тестираше решителноста на Маск. “Tesla” ги одложи испораките на својот прв модел, “Roadster”, поради проблеми со производството и пречекорување на трошоците. Во исто време, “SpaceX” доживеа три последователни неуспешни лансирања на ракета “Falcon 1”.
„Ги вложив последните пари што ги имав, моите последни 40 милиони долари. Живеев од заеми од пријатели“, призна Маск.
Пресвртот се случи на 23 декември 2008 година, кога “SpaceX” успешно го лансираше “Falcon 1” и стана првата приватна компанија која стигна до орбитата.
Трансформација на индустриите
Маск со својата работа го трансформираше автомобилскиот и воздушниот сектор. “Tesla” стана лидер во електричните автомобили, додека “SpaceX” ги редефинира трошоците и пристапот до вселенски летови. Дополнително, проектите како “Starlink”, “Neuralink” и “The Boring Company” дополнително ја зацврстуваат неговата визија за иднината, фокусирана на одржливост, иновации и глобално поврзување.
„Не се работи за пари или слава“, нагласува Маск. „Се работи за туркање на човечката цивилизација напред. Сè друго е споредно“.