Се очекува Apple оваа година да претстави ултра тенок паметен телефон наречен iPhone 17 Air, а сега се појавија некои детали за овој уред.Јужнокорејскиот Sisa Journal објави дека Apple го подготвува iPhone 17 Air, чија дебелина ќе биде 6,25 mm. Ако ова се покаже како точно, ова ќе стане најтенкиот iPhone досега и ќе го собори сегашниот рекорд од 6,9 mm што му припаѓа на iPhone 6. Исто така, iPhone 17 Air ќе биде околу 20 проценти потенок од iPhone 16 и iPhone 16 Плус, како и 25 проценти потенок во споредба со iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max.Гласините најмногу велат дека дебелината на смартфонот ќе биде околу 6 mm, а една од нив споменува дебелина од само 5 mm.Според последниот извештај, цената на ултра тенките iPhone ќе биде слична на онаа на iPhone 16 Plus, која во Европа се движи од 1.129 евра нагоре.Не се очекува Apple да го претстави iPhone 17 Plus, бидејќи се вели дека iPhone 17 Air ќе биде негова замена.Samsung за оваа година планира и тенок смартфон кој треба да го носи името Galaxy S25 Slim со дебелина од околу 6 mm.Кога станува збор за дизајнерските детали и спецификациите на iPhone 17 Air, има несовпаѓања во извештаите. Сепак, повеќето извори велат дека ќе има 6,6-инчен екран. Аналитичарот Минг-Чи Куо очекува паметниот телефон да се напојува со стандардниот процесор А19, да има Dynamic Island, една задна камера и 5G модем на Apple. Со процесорот треба да се спојат 8 GB RAM, а се очекува и поддршка за Apple Intelligence.Сè на сè, таков уред би имал неколку компромиси во однос на моделите Pro, за да може да биде потенок и полесен.Apple треба да ги претстави сите модели на iPhone 17 во септември, а до тогаш веројатно ќе дознаеме повеќе информации за iPhone 17 Air.
Пронајдете не на следниве мрежи: