Светот ја смета за една од најубавите актерки, а иако многу мажи би дале сè за да бидат со неа, нејзиниот сопруг одлучил дека на љубовта и’ дојде крајот.Имено, по 17 години брак и три деца, ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7), Кеш Ворен и Џесика Алба решиле сами да тргнат по својот животен пат. Тие се венчаа во мај 2008 година, а сè уште не е позната конкретната причина за нивниот развод. Секој одмор досега го поминуваа заедно, па одвреме-навреме имавме можност да ги видиме на семејни фотографии од различни дестинации. Меѓу последните е фотографија од Денот на благодарноста, кој го поминале во Мексико, а потоа и Божиќ. Во неколку неодамнешни видеа, Џесика беше видена во јавноста без венчален или веренички прстен, што им даваше на многумина, во тоа време, она што изгледаше како лажна надеж.Ѕвездата на „Фантастична четворка“ и асистентот на филмот се запознале на сетот во 2004 година. Тие се верија во декември 2007 година и кажаа „ДА“ на тајна церемонија во судницата во Беверли Хилс, Калифорнија следната година кога Џесика веќе беше бремена со нивната најстара ќерка.
Пронајдете не на следниве мрежи: