Анџелина Џоли докажа дека има големо срце: Таа и нејзиниот син Нокс им помагаат на луѓето кои изгубиле сè во пожарот (фото/видео)

Кога ќе се случи природна катастрофа, таа често ги остава луѓето во состојба на немоќ, без дом и безбедност, но и во потрага по трошка надеж. Деновиве страшните пожари кои беснеат во Лос Анџелес и околните места уништуваат сè што ќе им се најде на патот, претворајќи ги животите на илјадници луѓе во пепел. Меѓу нив има и многу познати личности, чии луксузни домови исчезнуваат во пламен. Но, среде оваа трагедија, едно име се издвојува како симбол на добрина и несебична помош – Анџелина Џоли.Мајка со големо срце – Анџелина и синот Нокс рамо до рамоПозната по својата хуманост и блиски односи со децата, Анџелина Џоли реши лично да се вклучи во помошта на погодените од пожарите. Деновиве таа беше видена со нејзиниот 16-годишен син Нокс како купува основни потреби во локалната самопослуга во Лос Фелиз – вода, храна и сè друго што е потребно за да им обезбеди привремено засолниште и безбедност на семејствата кои ги загубија своите домови. – Во моментов се грижам за блиските луѓе и ги ставам во мојата куќа – рекла Џоли, додека таа a Hокс внимателно ги натоварувал купените работи во автомобилот, подготвени да ги однесат кај оние на кои им се најпотребни.

Засолниште за оние кои имаат потребаНејзиниот раскошен дом, вреден 25 милиони долари, деновиве стана многу повеќе од луксузна резиденција. Стана засолниште за пријателите и семејството кои останаа без покрив над главата. Додека многумина нервозно ги следат вестите за пожарите, Анџелина и нејзиниот син покажуваат како топлината на домот и отвореноста на срцето може да преобразат нечија трагедија во момент на надеж.Обемот на катастрофатаПожарите што ги зафатија богатите населби како Пацифик Палисадес и Гети Вила не познаваат граници. Луѓето од сите сфери на животот се принудени да ги напуштат своите домови, честопати не можејќи да спасат ништо освен најосновните работи . Еден жител на областа ја опиша брзината на пожарот како „застрашувачка“, при што пламенот напредуваше со брзина од три фудбалски игралишта во минута.Актерката Џејми Ли Кертис, чиј дом исто така беше загрозен, ги сподели своите емоции на социјалните мрежи.– Мојата заедница, а можеби и мојот дом се во пламен. Моето семејство е безбедно, но многу од моите пријатели ќе ги загубат своите домови.Силата на заедништвото во најтешките моментиОвие трагедии не потсетуваат колку е важна солидарноста. Во моментите кога сè изгледа изгубено, добрината и заедништвото можат да обезбедат сила и поддршка на оние на кои им е најпотребна. Анџелина Џоли заедно со својот син станува симбол на надежта, потсетувајќи на сите нас на моќта на човечката добрина.Меѓу пламените јазици кои уништуваат сè пред себе, нејзиното срце отворено за помош стана светилник на надежта. Трагедиите можат да не скршат, но и да не обединат , а примерот на Анџелина покажува дека е можно да се најде светлина и во најтемните времиња.

Пронајдете не на следниве мрежи: