Србин уапсен во Звечан поради закани кон косовскиот премиер Албин Курти.
Косовската полиција во Звечан го уапси М.Р. (2004) за упатување закани кон премиерот на Косово, Курти. Уапсениот се заканувал преку социјалните мрежи, а по наредба на обвинителот му е одредена мерка притвор до 48 часа. При претрес во станот на осомничениот e пронајдено и одземено нелегално ловечко оружје.
Порталот Репортери пишува дека М.Р. е уапсен за наводно кривично дело заплашување откако преку социјалните мрежи упатувал закани кон Курти како и закани со насилство во име на групата наречена „Северна бригада“.
Косовската полиција и лани во повеќе наврати апсеше на северот на Косово.