Додик: Ако САД има право на Гренланд, Русија има на Украина, а Српска може да се спои со Србија

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вечерва изјави дека Република Српска има право да ѝ се придружи на Србија, исто како што другите земји, како што се двете поранешни Германии, се споија во една, или како што се залага новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за анексија на Гренланд, па дури и на Канада.

„Секој од нас што споменува граници скока: „Границите не смеат да се допираат“. Границите се како света индиска крава. Како може сега? Како да се поместуваат во тој свет, но не и Република Српска? Ако можат Гренланд и Канада на САД, ако можат Источна и Западна Германија, како може Република Српска да не се приклучи на Србија? Тогаш Русија има право и на Украина“, објасни Додик.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.