Застрашувачки зборови на Илон Маск: Ако се случи ова, човештвото ќе исчезне

Американскиот милијардер Илон Маск реагираше на веста за наталитетот во светот на социјалната мрежа X.

Ако престанеме да имаме деца, нема да има повеќе човештво“, напиша тој на социјалната мрежа Х.

Вака бизнисменот ја коментираше студијата претставена во списанието „Lancet“ која предвидува остар пад на стапката на плодност до крајот на векот.

Минатиот декември Маск изјави дека Германија и Европа се на работ на истребување поради нискиот наталитет.

И во април, тој го нарече остриот пад на процентот на млади Американци со деца во изминатите 30 години апсолутна катастрофа за Соединетите држави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.