недела, 15 ноември 2026
Најново

Инцидент на протестите во Нов Белград: Жена со кола влетала меѓу демонстрантите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Непознато женско лице удрило студентка на улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград, откако со своето возило влетала во насобраните граѓани. Полицијата во цивилна облека која беше со учесниците на протестот во Нов Белград запре жена која се обиде да побегне.

Таа со возилото Цитроен ги удрила обезбедувачите на почетокот на колоната, а потоа продолжила понатаму и така „закачила“ уште неколку од нив.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Жената која го управувала автомобилот турнала настрана неколку полицајци, додека претходно на хаубата го носела повреденото девојче.

Според известувачот на ФоНет, девојчето е тешко повредено, свесно е и се грижи екипа за итна помош.
Да потсетиме денеска во Србија има генерален штрајк кој студентите во блокадата го најавија претходните денови. Покрај факултетите низ земјава и дел од основните и средните училишта, денеска стопираат и многу фирми, културни установи, угостителски објекти, мали стопанства, организации… На штрајкот реагираа и синдикатите во државните претпријатија и градските администрации.

Во градовите ширум Србија денеска се собираат граѓани во знак на поддршка за барањата на студентите.

Поврзани вести