недела, 15 ноември 2026
Најново

УСАИД доби директива за суспендирање на сета финансиска помош за Украина?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) доби инструкции да ја прекине сета финансиска помош за Украина, дознава Ројтерс.

Според агенцијата, американски службеник за помош, кој сакал да остане анонимен, рекол дека службениците одговорни за проекти во Украина биле упатени да ги прекинат сите нивни активности.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

И американскиот весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на свои извори, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп само неколку дена по влегувањето во Белата куќа предизвикал хаос во работата на одредени институции во Америка.

Претходно, Политико објави дека американскиот државен секретар Марко Рубио издаде директива со која се суспендираат повеќето постоечки субвенции за странска помош за период од 90 дена.

Одлуката, која ги изненади претставниците на Стејт департментот, најверојатно се однесува и на финансиската помош за воена помош за Украина, пишува Спутник.

Поврзани вести