недела, 15 ноември 2026
Најново

Избушени гуми на три возила на Националниот парк ,,Шар Планина”

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Оштетени гуми од тркалата на три возила, забележале вработените во Јавната установа Национален Парк ,,Шар Планина” пред два дена.

Тие објавија и фотографии од оштетувањата и упатија неколку прашања до сторителите преку Фејсбук профилот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Не знаеме кому му пречат успесите на Националниот парк Шар Планина, на кој на 22 јануари 2025 година, во просторот на паркингот на Националниот парк „Шар Планина“, се случи еден згрозувачки и вандалски чин, при што беа оштетени возилата, конкретно гумите на три автомобили: едно службено возило, едно возило на еден гостин и приватното возило на еден од вработените. Со какви активности, покрај нашата неуморна работа, можевме да провоцираме еден таков вандалски чин од страна на злонамерници?! Сепак, ваквите дела само дополнително ги мотивираат претставниците од ЈУНП Шар Планина во заштитата на природата, развојот на регионот и борбата против непријателите на природата, се вели во објавата на НП Шар Планина.

Поврзани вести