Северна Кореја денеска тестираше стратешки крстосувачки ракети море-земја, објави севернокорејската новинска агенција.Агенцијата наведува дека стратешките крстосувачки ракети прелетале 1.500 километри пред да ги погодат целите и додава дека тие не ја загрозиле безбедноста на соседните земји.Според извештајот на агенцијата, тестирањето било надгледувано од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој рекол дека во прашање е тестирање на „важен вооружен систем“.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.