четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трите лица во Црвени Брегови, Неготино пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Трите лица во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид, покажал наодот на судска медицина. Од Обвинителството попладне потврдија дека се преземаат дејствија за утврдување на тоа што се случувало во неготинското село.

На 8 декември минатата година, три безживотни тела биле пронајдени во неготинското село Црвени Брегови.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години. При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле.

Поврзани вести