четврток, 12 ноември 2026
Најново

Здружението на јавните обвинители најостро го осудува чинот на опожарување на возилото на јавен обвинител

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Здружението на јавните обвинители најостро го осудува чинот на намерно опожарување на возилото на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за кое јавноста беше известена во текот на вчерашниот ден.
Бараме од органите надлежни за откривање на идентитетот на сторители на кривични дела итно да ги преземат сите дејствија за идентификување на лицата кои со овој чин директно ја загрозиле безбедноста на јавен обвинител во вршење на службата.
Особено загрижуваат индициите кои укажуваат дека опожарувањето на автомобилот може да е поврзано со преземени истражни дејствија на јавниот обвинител во конкретна кривична постапка, што претставува сериозен напад кој има за цел да го заплаши јавниот обвинител и да го одврати од гонење на сторителите на сериозни кривични дела.
Ваквото загрозување на безбедноста на конкретен јавен обвинител, но и на правниот систем воопшто не смее да остане неказнето.
Во контекст на овој настан, Здружението на јавните обвинители на денешното годишно Собрание кое се одржа во Скопје ги разгледа информациите кои се однесуваат на случаи на загрозување на безбедноста и закани за јавни обвинители при вршењето на нивната функција.
Собранието, како највисок орган на Здружението во кој членуваат претставници од сите јавни обвинителства во државата, одлучи да упати единствена порака за потребата од засилување на безбедносните мерки за јавните обвинители и други правосудни органи, како превентивен чекор во заштитата на нивната безбедност.

Поврзани вести