Полицијата соопшти дека вооружен напаѓач убил најмалку 10 луѓе во училиште во Шведска

Полицијата во Шведска на прес-конференција во 18 часот соопшти дека во нападот во училиштето Рисбергска загинале околу 10 лица.Нарачателот на нападот претходно не и бил познат на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам.,,Веќе нема никаква опасност“, велат од полицијата, кои не откриваат податоци за возраста на загинатите.
Police say “around 10” people have been killed in shooting on a school campus in Sweden https://t.co/gDae39ABiS— BBC Breaking News (@BBCBreaking) February 4, 2025
На втората прес-конференција денеска, полицијата соопшти дека во престрелката се убиени „десетина луѓе“ и дека се работи за нивно идентификување. Напаѓачот наводно е меѓу загинатите.Мотивот за овој страшен настан не е познат, тврди началникот на градската полиција Роберто Еид Форест, но се чини дека „тоа не е тероризам или организиран криминал“.Неколку шведски медиуми јавуваат дека 11 лица загинале, а неколку други се повредени. Шведскиот „ТВ4 њуз“ објави дека напаѓачот наводно имал дозвола за оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи: