четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, соопшти на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

– На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата.

Македониjа мора да победи! – напиша Мицкоски.

Поврзани вести