Пропадна и третиот обид за избор на претседател на Грција

Грчките пратеници и во третиот обид не избраа претседател на Републиката. Ниту денеска не беше собрано потребното мнозинство од 180 пратеници за еден од предложените поединци.

Константинос Тасулас од Нова Демократија доби 160 гласови, исто толку колку што доби и на првото гласање. Лука Кацели (СИРИЗА – Нова левица) доби 40 гласа. Тасос Јаницис (ПАСОК) доби 34, Кирјаку (НИКИ) доби 14 гласа, додека 52 пратеници беа воздржани.

Следното гласање ќе се одржи во среда, на 12 февруари, при што потребното мнозинство ќе падне на 151 пратеник.

Пронајдете не на следниве мрежи: