Кина го осуди предлогот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, САД да ја преземат контролата врз Газа по војната, нагласувајќи дека Појасот Газа е неотуѓив дел од палестинската територија и не треба да биде предмет на политичко пазарење.Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, истакна дека Газа е палестинска и дека не може да стане „предмет на задни зделки или насилна политика“. Тој истакна дека енклавата веќе претрпела огромно уништување и дека меѓународната заедница, особено големите сили, треба да работат на обезбедување хуманитарна помош и реконструкција, наместо дополнително да ја влошуваат ситуацијата.„Кина цврсто ги поддржува легитимните национални права на палестинскиот народ и верува дека управувањето со Газа по војната мора да се заснова на принципот „Палестинците да управуваат со Палестина“.Пекинг повтори дека решението на израелско-палестинскиот конфликт го гледа преку имплементација на моделот „две држави“, кој повлекува формирање на независна палестинска држава во границите од 1967 година, со главен град источен Ерусалим.Кинеската страна рече дека е подготвена да работи со меѓународните партнери за да се постигне праведно политичко решение за палестинското прашање.
Пронајдете не на следниве мрежи:



