четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дојави за експлозивни направи во три училишта во Центар, се вршат антитерористички проверки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општина Центар информира дека утринава во ООУ „Киро Глигоров” , ООУ „Димитар Миладинов” и ООУ „ Гоце Делчев” биле добиени дојави за поставени експлозивни направи.

Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излегла на терен и презела мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Во ООУ „Димитар Миладинов” беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во ООУ „Киро Глигоров”, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во ООУ ,, Гоце Делчев ” каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава, во тек е полициска проверка.

Безбедноста на децата и вработените е наш врвен приоритет. Во координација со МВР ќе продолжиме да ги спроведуваме сите неопходни мерки за заштита, објавија од општина Центар.

Поврзани вести