четврток, 12 ноември 2026
Најново

УЈП ја објави најновата листа на должници: Над 11,3 милијарди денари неплатени обврски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата Листа на должници, која редовно се ажурира веќе десет години.

Според податоците, 1.958 правни лица и
3.914 физички лица  должат вкупно 11,3 милијарди денари за данок и придонеси.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Што значи оваа листа?
УЈП истакнува дека ова не е само збирка на имиња и бројки, туку алатка за даночна дисциплина и општествена одговорност.
Целта е транспарентност, но и ефикасна наплата на долговите за да се вратат во државниот Буџет.

„Должниците привлекуваат внимание, но и УЈП има одговорност да постапува праведно и ефикасно“, велат од Управата.

Целосната листа и соопштението на УЈП погледнете на официјалниот ЛИНК.

Поврзани вести