четврток, 12 ноември 2026
Најново

Детската клиника во Скопје не ги платила глобите за незаконско постапување по смрт на деца

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Директорот на Детската клиника во Скопје и самата клиника сè уште не ги платиле двете глоби изречени по вонредните инспекциски надзори, спроведени поради смрт на деца. Според директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Кирил Лазов, казната за незаконско постапување ќе биде побарана преку судска постапка.

Во изминатите четири месеци, седум деца починале во здравствени установи, а последниот трагичен случај се однесува на четиригодишно дете од Струга.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Инспекторатот извршил надзор во Општата болница во Струга и утврдил дека детето страдало од тешка форма на церебрална парализа, со чести хоспитализации, вклучително и во Клиниката за детски болести во Скопје, како и во болници надвор од државата.

„Детето било примено со дијагноза акутен бронхитис, по што му била дадена интравенска и инхалациона терапија. Следниот ден, состојбата не се подобрила, па биле направени дополнителни испитувања, рендген на бели дробови и лабораториски анализи. По влошување на општата состојба, за време на терапијата, дошло до застој на дишењето и срцевата функција, а реанимацијата била безуспешна,“ наведува Лазов.

По спроведените контроли, ДСЗИ ја проследил информацијата до Министерството за здравство, со иницијатива за формирање стручен надзор во овој случај.

Се следеле ли медицинските протоколи?
Според Лазов, ДСЗИ нема овластување да ја оценува стручноста на медицинскиот тим и нивното работење.

„Како инспекторат, ние немаме надлежност да цениме стручност. Затоа ја испраќаме информацијата до министерот, кој може да формира стручен надзор за оценка на медицинските постапки.“

Овој случај, како и неодамнешните смртни случаи во детските здравствени установи, повторно го отвора прашањето за одговорноста и стандардите во здравствениот систем, а неизвршеното плаќање на глобите ја потенцира потребата од засилена контрола и санкционирање на неправилностите.

Поврзани вести