четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шојгу: Америка стои зад протестите во Србија и Словачка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Секретарот на Советот за безбедност на Русија Сергеј Шојгу денеска изјави дека „Русија нема намера да оценува дали оставката на српскиот премиер Милош Вучевиќ е оправдана или не“.

„Премиерот е сменет, не знам дали е тоа со добра причина или не, не е наша работа да одлучуваме“, рече Шојгу по средбата со претседателот на Казахстан Касим Јомарт Токаев, според руската државна агенција ТАСС.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој истакна дека во Србија, но и во Словачка, продолжуваат обидите од надвор да се организираат протестни движења.

„Погледнете што се случува денес во Словачка и Србија. Сè продолжува, ништо не запира. Се организираат разни протести и движења, можеме да го наречеме обоена револуција или необоена револуција – како што сакате. Но, зад сето ова се наѕира активноста на САД“, рече Шојгу.

Поврзани вести