четврток, 12 ноември 2026
Најново

Автомобил влета во толпа во Минхен, 15 лица повредени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Автомобил влетал во толпа луѓе во Минхен, при што се повредени 15 лица. Инцидентот се случи за време на демонстрациите на синдикатот Верди на најголемата улица во Минхен.

Силни полициски сили и возила на брза помош се на местото за да им укажат прва помош на повредените. Според очевидци, возачот намерно влетал со автомобилот во толпата, а полицијата соопшти дека возачот бил уапсен. Инцидентот се случува на ден пред Минхенската безбедносна конференција.

Поврзани вести