четврток, 12 ноември 2026
Најново

Промената на државниот грб единствено оди во прилог на балистичките апетити на партиите од т.н. албански блок, велат од Левица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За Левица, најавената промена на државниот грб е директен удар врз АСНОМ, како конститутивен елемент на македонската република.

На наследниците на Ванчо Михајлов и на следбениците на Џемо Хаса им предочуваат да не си играат со државните инсигнии, затоа што инстантно ќе го добијат народниот гнев на улица.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Со отворањето на темата за промена на државниот грб, премиерот Мицкоски ја отвори Пандорина кутија, којашто единствено оди во прилог на балистичките апетити на партиите од т.н. албански блок, коишто инстантно побараа промени на сите останати инсигнии.

Мицкоски отворено го промовира својот ванчо-михајловистички континуитет, каде основен постулат е бришење на симболиката што потсетува на антифашистичкото минато, народно-ослободителната борба и АСНОМ, кои се темелот врз којшто е создадена Македонија. Ова само се надоврзува на анти-асномските политики на ДПМНЕ, кои во 2009 година ја тргнаа петокраката од државниот грб. Потсетуваме дека токму со таа петокрака, македонскиот народ извојува победа против фашистичкото зло“, истакнуваат од оваа партија.

Државниот грб, како што нагласувааат, е симбол на АСНОМ, државниот грб ја симболизира антифашистичката борба на македонскиот народ и ваквиот државен грб единствено им пречи само на неоврховистите и необалистите.

Поврзани вести