четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сонот на Нејмар е да се врати во Барселона

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Некогашниот голем бразилски талент Нејмар неодамна се врати во матичниот клуб Сантос и многумина во тоа видоа план за завршување на кариерата таму, но изгледа дека тоа не е баш така.

Зад сето тоа, стои големата желба на Нејмар да се врати во Барселона и во Сантос ќе се обиде да ја достигне посакуваната форма која ќе му обезбеди нов трансфер во Каталонија. Самиот си поставил задача да направи се што е можно за да заигра повторно во клубот каде настапуваше од 2013 до 2017 година.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По заминувањето од Барселона, кариерата на Нејмар тргна во надолна линија. Најчесто беше повреден додека играше за ПСЖ и не освои ништо вредно, освен неколку титули бо Франција кои немаат големо значење. Во 2023 година се пресели во Саудиска Арабија, но таму брзо се повреди, паузираше цела година, а минатиот месец одлучи да се врати во Сантос од каде ќе чека шанса за трансфер во Барса иако малкумина веруваат во такво сценарио.

Поврзани вести