четврток, 12 ноември 2026
Најново

Виц на денот: Работа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради честите несреќи со вселенски летала, Американците одбиле да летаат, па НАСА морала да распише меѓународен конкурс за астронаути.

Се пријавиле Германец, Русин и Македонец.
Најпрво го прашале Германецот.
– Колку бараш за да леташ?
– Два милиони евра. Еден за мене, а другиот за моето семејство, ако ми се случи нешто.
Следно, го прашале Русинот.
– Колку бараш ти за да леташ?
– Три милиони евра. Еден за мене, еден за моето семејство ако ми се случи нешто и еден за Русија.
На крај, го прашале и Македонецот:
– Четири милиони евра!, извикал Македонецот.
– Ама ајде, да не претеруваш малку?!
– Е, па… еве вака стојат работите: Еден за мене, еден за тебе бидејќи ми ја најде работава и два за Германецот – тој нека лета!

Поврзани вести