четврток, 12 ноември 2026
Најново

Осум осомничени за престрелката во Чаир

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир.

Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат откриени.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На критичниот ден, на паркинг на улицата „ Втора Македонска Бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир, започнала вооружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице. Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент.

Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор за двајца осомничени за дејствија на убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело.

По три лица полицијата се уште трага. Се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот.

Поврзани вести