четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија во близина преминот Ќафасан, нешто по полноќ.

– Несреќата се случила на патниот правец Прењас-Либражд, кај местото викано Пишкаш околу 00:10 часот, кога се судриле патничко моторно возило “мерцедес” и камион со скопски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, објавија албанските медиуми.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како последица на несреќата животот го загубила сопатничката во автомобилот а тешко е повреден Зеф Синани (34), кој управувал со автомобилот. Повредениот прво бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.

Причина за несреќата најверојатно е движењето на возилата со брзина поголема од дозволената.

Поврзани вести