Левица во Собранието предлага враќање на патните трошоци за работниците, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот Амар Меџиновиќ.
– Со години гледаме како пратениците во ова Собрание наплаќаат фиктивни релации, патарини, амортизации на нивните возила. Додека тие ги полнат џебовите со народни пари, илјадници работници низ државата сами ги покриваат своите трошоци за да стигнат на работа и да обезбедат леб за своите семејства, објасни Мециновиќ.
Левица ќе предложи да се вратат патните трошоци за работниците, кои беа укинати со Законот за измена на Законот за работни односи. Измените во членот 113 од Законот за работни односи треба да гласат:
– Доколку превоз до и од работното место не е организиран од страна на работодавачот, работникот има право на надомест на трошоци, 6,5 литри реална цена на гориво за 100 километри изминати, објасни Мециновиќ.
Од Левица очекуваат сите пратеници да го поддржат законот.



