четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мицотакис: Европа да се разбуди и да изгради сопствена одбранбена политика

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европа треба да се разбуди и да изгради сопствена одбранбена политика по драматичната промена на Соединетите Американски Држави во однос на Украина и геополитичките случувања во последните месеци, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Обраќајќи се на синоќешната деловна конференција во Солун, Мицотакис рече дека Европа треба „да се разбуди од геополитичката и економската летаргија во која, за жал, западна веќе некое време“, објави Ројтерс.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Неодамнешните случувања и овој различен поглед на работите од Соединетите Американски Држави сега не обврзуваат не само да се соочиме со вистината, туку и да се движиме со многу голема брзина и да ги спроведеме одлуките за кои долго разговаравме“, посочи тој.

Мицотакис посочи дека Европа воспоставува одбранбена политика која ќе и овозможи да развие сопствена моќ на одвраќање и да ја намали зависноста од САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера преку својот профил на социјалната мрежа Truth Social изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подобро да „дејствува брзо“.

Откако украинскиот лидер го обвини Трамп дека е фатен во „балон на дезинформации“, Трамп во својата објава рече дека Зеленски е „диктатор без избори“.

„Зеленски, диктатор без избори, подобро да дејствува брзо или нема да има земја“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

САД и Русија одржаа мировни преговори во Саудиска Арабија оваа недела без Украина, на запрепастување на Киев и неговите европски сојузници, објави агенцијата.

Украина најави дека нема да прифати договор што ќе и биде наметнат без нејзина согласност, што го повторија европските лидери, додека Русија ја отфрли можноста за отстапување на териториите што ги окупираше, додава агенцијата, пренесува Танјуг.

Поврзани вести